За проектот

Проектот “Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“ има за цел зголемување на соработката помеѓу општините Koрча, Поградец, Битола и Кичево, т.е. дава придонес во спороведувањето на веќе поставените цели за одржливо користење на енергијата, но и во порцесот за полноправно членство во Европската унија. Проектот исто така тежнее кон создавање основа и услови за ефикасно користење на енергијата на локално ниво преку зголемување на разбирањето и соработката поемѓу единиците на локалната смаоуправа, стопанството, јавноста и останатите релевантни чинители во крајграничниот регион на Корча и Поградец од една страна и Битола и Кичево од друга. Промовирањето на на инцијативи за енергетска ефикасност на долг рок ќе придонесе за дополнителни економски придобивки, а истовремено ќе го поттикне и планинскиот и еко-туризам во подрачјата со таков потеницјал (Охрид и Преспанско езеро).Овој проект е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за меѓугранична соработка, а се спроведува од страна на Академијата за политички студии (АПС) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП). Поподробно, целта на проектот е подигање на свеста и разбирањето околу енергетската ефикасност и климатските промени преку промовирање на најдобрите практики и иницијативи за активности на локално ниво, паралелно со вклучување на сите релевантни чинители. Проектот ќе ја олесни и зајакне соработката помеѓу двете земји со помош на активностите на локални ниво (општините) и активностите помеѓу преставниците на граѓанското општество.

Последните надградби

Анализа на состојбата и потребата од унапредување на енергетската ефикасност во општините Битола и Кичево

Публикацијата има за цел да презентира анализа на податоците од истражувањето што беше спроведено во рамките на овој проект, а се спроведе во две погранични...

ЗА ПРВ ПАТ – САЕМ НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО БИТОЛА

Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Академијата за политички студии од Р. Албанија во рамки на ИПА проектот за меѓугранична соработка...

Работилницата во Битола – можност за свежи идеи и предлози за подобрување на локалните платформите за акција

Кон средината на овој месец се одржа работилница во Битола која преставува завршница на веќе одржаните два тренинга на кои преставниците од општините, активистите...

VIDEO GALLERY