Работилницата во Битола – можност за свежи идеи и предлози за подобрување на локалните платформите за акција

12/12/2014

Активностите поврзани со проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“ продолжуваат со несмалено темпо. Кон средината на овој месец се одржа работилница во Битола која преставува завршница на веќе одржаните два тренинга на кои преставниците од општините, активистите од граѓанскиот сектор, новинарите како и преставници од локалното стопанство, месните заедници и училиштата од реонт на Битола и Кичево добија продлабочени знаења околу енергетската ефикасност и рационалното користење енергија. За време на работилницата, на присутните им беа предочени уште неколку практични примери и најдобри практики за тоа како може да се намалат трошоците за енергија, а притоа да се зачува па дури и подобри постоечкиот комфорт во управните објекти, училиштата и живеалиштата. Но сепак, главен акцент беше ставен на локалните платфoрми за акција кои ќе послужат како патоказ за надминување на веќе детектираните слабости поврзани со одржливото користење на енергијата помеѓу сите чинители во Битола и Кичево.    Имено, во истржувањето кое во текот на следната година и официјално ќе биде објавено, тимот истражувачи забележа дека домаќинствата во овој дел од републиката не се доволно запознати со концептот на енергетска ефикасноcт, а слабата куповна моќ е главна пречка за подобрување на енергетските карактеристики на нивните домови кои и онака се во релативно лоша состојба. Повеќе од половината испитаници живеат во живеалишта без соодветна изоlација на фасадата или покривите, а поставеноста на сончевите колектори за добивање топла вода е исклучително ниска. Дополнително, граѓаните од Битола и Кичево не се запознати со т.н. „енергетска класа на производите“ што секако упатува на потребата од подобрување не нивото на свест и информираност за овие теми.  Што се однесува до компаниите кои делуваaт во реонот на Кичево и Битола, главна пречка за подобрување на енергетските перформанси на производствените и работни погони се секако финасиите, но и тука проблем преставува недостигот од поголема свест кога станува збор за постапувањето и користењето на енергијата. Имено, половина од испитаниците не водат евиденција на месечно или годишно ниво колку енергија се троши во нивните фирми, ниту пак имаат ангажирано посебно лице кое би ја следело потрошувачката. Што се однесува пак до преставниците од НВО секторот, проблем за нив е немањето доволно познавање за оваа тема како и потребата од обуки за подготвување проектни апликации за ЕУ повици и фондови. Од друга страна пак,новинарите и дописниците кои известуваат од регионот на Битола и Кичево сметаат дека просторот за известување за ваквите теми е премногу стеснет, пред сѐ поради интензитетот со кои се известува за политички настани во информативните појаси или гласила.         Кога сме кај општинските службенци кои работат на ова поле, проблем занив преставуваат органичувањата во општинските буџети за нови инвестиции на ова поле, набиената работна агенда како и немањето општински програми за енергетска ефикасност. И градоначалниците на овие две општини признаваат дека има низа предизвици како што се ограничените средства и потреба од поинтензивно спорведување на националните стратегии, но исто така бараат и поголем број структурни фондови со кои ќе се динамизира темпото на инвестиции и реновирање.        Токму овие проблеми како и решенијата за нив се дел од локалните платфoрми за акција кои се дискутираа за време на работилницата. Присутните изнесоа повеќе сугестии за нивно подобрување. Платформите се се уште во работна верзија, а се очекува да бидат промовирани кон крајот на пролетта придружени со уште една регионлна платформа која ќе се однесува за пограничниот регион со што ќе се понуди опфатен систем на решенија.          Следната активност во рамкте на овој проект е регионална конференција која ќе се одржи во Корча, Р. Албанија, кон крајот на месец Јануари или почетокот на Февруари 2015 година.