ЗА ПРВ ПАТ – САЕМ НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО БИТОЛА

18/05/2015

Центарот за истражување и креирање политики во соработка со Академијата за политички студии од Р. Албанија во рамки на ИПА проектот за меѓугранична соработка финансиран од ЕУ под наслов „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“, успешно го организираа првиот саем на енергетска ефикасност во Битола. Настанот се одржа од 15 – 17 мај оваа годинаво Центарот за култура - Битола и преставуваше завршна активност од овој заеднички проект. На саемот настапија над 35 домашни излагачи и излагачи од Р. Албанија, а свечено беше отворен од Марија Ристеска, извршен директор на ЦИКП, Eрјон Тасе одАкадемијата за политички студии од Р. Албанија и Соња Карапашовска, член на советот на општина Битола.        На овој настан се претставија компании кои работат во доменот на енергетската ефикасност и одржливото користење на енергија, а посетителите имаа можност да добијат информации за низа производи како што се сончеви колектори, софтверски решенија за рационално постапување со енергијата, апарати за домаќинство со висока енергетска класа, модерни системи за греење и ладење, дограма со високи енергетски карактеристики и сл. Исто така на саемот беа присутни и банки кои ги претсtавија своите „зелени“ кредитни линиинаменети за подобрување на енергетската ефикасноcт на живеалиштата, како и невладини организации кои ги претставија спроведените проекти.                            
Програмата на саемот опфати и шест панел дискусии на кои фирмите, невладините организации и банките ги претсатвија своите најдобри производи на пазарот и нивните предности кои водат кон унапредување на енергетската ефикасност. Дополнително, беа организирани и панел дискусии на кои невладините организации го потенцираа значењето локалниот граѓански сектор да биде што повеќе ангажиран во проекти од оваа област со цел подигнување на свеста и знаењето за оваа тема помеѓу месното население. Паралелно, се одржаа и неколку детски работилници на кои најмладите преку изработка на оригами и цртежи научија повеќе околу енергетската ефикасност, рационалното користење на ресурсите и заштитата на животната средина.                                            
Во рамки на саемот се наградија и наjуспешните три фотографии и цртежи на темата Енергетска ефикасност и рационално користење на енергијата – предизвик за сите нас“. Првото место за најдобра фотографија му припадна на Кристијан Митевски од Скопје, додека пак наjуспешниот цртеж беше наслика од Марио Матевски од Битола.