Зајакнување на капацитетите на засегнатите страни

22/09/2014

Близу 30 учесници од Битола и Кичево присуствуваа на тренингот посветен на енергетската ефикасност и рационалното користење на енергија во рамки на проектот Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата.Присутните беа од различни слоеви од овие локални заедници како што се професори во средни училишта, преставници на месните заедници, новинари и дописници, активисти од локалните невладини организации, стопанственици и членови на родителски одбори од општинските училишта.  Тренингот се одржа во пријатна планинска атмосфера во Куќата на уметноста во Кичево. Дводвената сесија на предавања опфати неколку теми и тоа  општи начела на енергетската ефикасност и нејзината поврзаност со климатските промени, енергетско означување на згради, нови технологии за ладење и греење,  финансики можности за кредитирање и постоечката состојба во контекст на енергетската сиромаштија. Тренингот на моменти делуваше и како работилиница поради активното вклучување на учесниците со поставување прашање и дискусии околу можностите за подобрување на енергетските карактеристики на нивните живеалишта и деловните објекти, а ова особено беше забележливо за време на дебатата околу енергетските контроли. Дополнителна придобивка беше и воспоставувањето поблиски врски и комуникација помеѓу регионалните невладини организации кои беа дел од овој настан и кои предложија неколку идеи за заеднички прокети кои би можеле да бидат спроведнеи во реонот на Битола и Кичево. Иницијативата за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата е проект финаисран од Европската унија во рамки на ИПА програмата за меѓугранична соработка.
Следната активност во рамки на овој проект е регионална работилница преку која засегнатите страни од обете земји ќе разменат мислења и ставови по однос на ова прашање со цел интензивирање на меѓусебната соработка и подобрување на енергетските портфолиа на овие држави.