Општинските службеници со продлабочени знаења за енергетска ефикасност

17/06/2014

Енергетската правна рамка во држававаи ЕУ, основни насоки и сугестии околу подготовката на општинските програми за енергетска ефикаснсот, техники и механизми на бележење на потрошувачката на енергија, ЕСКО компании, енергетската ефикасност во јавните набавки – ова беа само дел од темите и содржините кои беа презентирани на првиот тренинг наменет за општинските службеници во рамки на ИПА проектот за меѓугранична соработка финасиран од ЕУ под наслов “Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“.  На тренингот кој се одржа во х. Молика – Пелистер, присуствуваа преставници на неколку општини меѓу кои Битола, Кичево, Маврово и Ростуша, Новаци, Могила, Дебарца, Демир Хисар и Крушево.На дводневниот настан, освен општинските службеници кои се директно поврзани со енергетиката и енергетската ефикасност, присуствуваа и претсавници од секторите финансирање и буџет, планирање и урбанизирање иживотна средина.Присутните изразија благодарност за можноста да ги чујат најновите можности, решенија, алатки и механизми занамалување на потрошувачката на енергија кај општините, но и за тоа како енергетската ефикаснсот да стане составен дел од работењето на речиси сите општински сектори.Особено изразија благодарност што меѓу темите се најде и темата „Финасирање на проекти од областа на енергетската ефикасност“. Имено, финансиите се главна пречка и проблем за позасилено инвестициско темпо во општините, а содржината од оваа тема придонесе преставниците од општините да се запознаатсо тоа кои финасиски субјекти нудат кредити и грантови за проекти од оваа област како што се ЕУ, Европсата банка за обнова и развој, Светската банка и др.         Следниот тренинг е планиран за месец Септември кога ќе бидат поканети преставници од невладиниот сектор, бизнис заедницата и граѓаните на кои ќе им бидат предочени полезноста и користа од енергетската ефикасност, но и вложувањата во оваа област.