ЗА НАПРЕДОК ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНСОТ ПОТРЕБНА Е СЕСТРАНА СОРАБОТКА

07/05/2014

Во општината Поградец, Р. Алабнија, на 7-ми мај се одржа работен состанок во рамки на проектот „Иницијатива за јакнење на јавниот дијалог за одржливо користење на енергијата“ финасиран од ЕУ. Ссотанокот се одржа во салата за седници на советот на општината каде освен преставници од Албанската акдемија за политички студии (АПС) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), присуствуваа и преставници од општините Корча, Поградец, Кичево и Битола, како и преставници од невладиниот сектор, стопанството и медиумите. Ерјон Тасе, доректор на АПС на присутните им порача дека целта на овој проект е засилување на дијалогот, меѓусебната соработка, но и подигање на свеста за придобивките од енергетската ефикаснсот и одржливото користење на енергијата.
Од друга страна пак, Марија Ристеска, диркетор на ЦИКП посочи дека невладиниот сектор има важна улога во подигање на ова прашање високо на агендата кај сите релевантни чинители. За таа цел, додаде Ристеска, ЦИКП и АПС со тековниот проект кој е дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка со Алабнија ќе се придонесе за зголемена коориднација, но ни размена на искуства, идеи и предлози за тоа како да се надминат пречките кои го отежнуваат инвестициското темпо и бројот на активности од полето на енергетската ефикаснсот. И присутните претсавници на општините Корча, Поградец, Битола и Кичево ја поздравија оваа иницијатива и едногласно порачаа дека овие проекти ќе дадат дополнителен имплус како во подигнувањето на свеста за придобивките од рационалното користење на енергијата, така и од аспект на меѓуграничната и регионлна соработка која е од особена важност пред сé  во поглед на искористувањето на средства од ЕУ фондовите.

На состанокот пред присутните се презентираа и првичните наоди од истражувањата кои ги спроведа ЦИКП и АПС во регионите на Корча и Поградец, односно Битола и Кичево.Еринд Краја и Златко Симоновски во своите излагања истакнаа дека резултатите покажуваат дека се уште има огромен простор за подобрување на состојбата со свеста на граѓаните, но и кај стопанствениците кога е во прашање енергетската ефикаснсот и разумното користење на енергијата.Исто така беа акцентирани и пречките кои го придонесуваат за намалено инвестирање и реновирање – недостигот од финасиски средства и недоволното познавање на новите технологии и модели од полето на енергетската ефикаснсот.Исто така беше нагласена и потребата невладиниот сектор да земе покативно учевство преку имплементација на проекти и активности со кои ќе се пополни јазот и ублажат проблемите со кои се соочуваат јавните институции, граѓаните но и бизнис заедницата.

Првичните резулатите ќе бидат искористени како појдовна точка за подлабинска анализа, во која освен сондажа на она што е пречка и недостатоци, ќе се посочи и на модалитетите како да се надинат предизивиците.

Инаку, на состанокот претходеше средба помеѓу проектните тимови на АПС и ЦРПМ со Валентина Биниши, раководител на оддлеението за урбанизам и планирање во општина Поградец при што заедно со преставниците од општина Битола и Кичево, Валентин Јанакиевски и Тино Алексов беа разменети мислења за тоа како да се надминат потешкотиите со кои се соочуваат општините кога се во прашање трошоците за енергија, а се разменија и досегашните искуства и спроведнеи активности во трите општини.