Регионалната платформа за акција за одржливо користење на енергија во oпштините Корча, Поградец, Битола и Кичево

Заедничката регионална платформа за акција за одржливо користење на енергија во пограничните региони на Корча, Подградец и во Битола, Кичево, служи како водич за локалните власти и учесници да изготват конкретни планови за интервенција во однос на мерките на енергетската ефикасност на локално ниво. Подготовката на документот беше резултат на еден долг процес на консултации и истражување, анализа на истакнати експерти ангажирани од страна на проектот, состаноци и работилници меѓу засегнатите страни во регионите и двете земји, со што се обезбеди јасна слика за состојбата и целите што треба да поддржуваат визијата за одржливо користење на енергија во регионот.